Мојот пат во СДСМ

Мојот пат во СДСМ

Мојот пат во СДСМ почнува во 1995 година кога на 17 години се зачленив во партијата. Во изминативе 30 години сум бил дел член на речиси сите партиски тела и органи, почнувајќи како член на ЦО на градската организација на СДСМ на Скопје во 1998 година, па се до член на највисоките партиски тела како Централниот и извршниот одбор на партијата во повеќе наврати, од 2003 до 2017 година. Како секретар за меѓународна соработка (2013-2017) и клучна фигура во повеќе изборни циклуси (член на Централен изборен штаб, шеф и член на Регионални изборни штабови во ИЕ 1 и ИЕ 5), неуморно се борев за нашите социјалдемократски вредности. И сега, од 2017, како обичен член, мојата посветеност кон СДСМ останува непоколеблива.

Достигнувања

Професионални достигнувања

Во моментов, директор на Дирекцијата за ТИРЗ, клучна точка за привлекување странски инвестиции во земјава, а претходно директор на Фонд за иновации и развој. Во изминативе три години развивме нов концепт за привлекување и поттикнување на инвестиции кој ја стави Македонија на мапата земји кои имаат капацитет и услови за големи инвестиции. Само во последниве три години ТИРЗ постигна договори за инвестиции од над 1 милијарда евра кои донесоа над 10.000 нови, добро платени работни места. Претходно во тригодишниот мандат како директор на Фондот, направивме значителна промена во иновацискиот сектор во земјата, развивајќи нов концепт на државната програма за поддршка на малите и средните претпријатија што резултираше со целосна трансформација на економијата во земјата.
Како дипломиран економист, мојата кариера во Владата на Р.С. Македонија започна во 2003 година. Патот оди преку водење на работната група за економски критериуми за време на нашиот процес на кандидатура за ЕУ ​​до придонес во различни финансирани од ЕУ програми.

Надвор од политика

Посветеност надвор од политиката

Покрај моите професионални достигнувања, горд сум што сум основач на МЕНСА Македонија и посветен татко на три деца. Мојот пат отсекогаш бил воден од иновативен и реформаторски пристап базиран на мерливи резултати кој дава позитивни ефекти, движејќи ја Македонија кон просперитетна и подобра иднина за нашите деца.